НАСТАВНО НАУЧЕН СЕМИНАР МСЦ ПОЕЗИЈА

НАСТАВНО НАУЧЕН СЕМИНАР МСЦ ПОЕЗИЈА

УТМС реализира уште една ексклузивна практична настава, која се одржуваше и на луксузен брод за крстарење, а опфати и посети на Венеција, Верона, Монте Карло, Дубровник ...

Во согласност со определбата на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје за практично усовршување на студентите, од 25.09. до 02.10.2012, беше одржан научно наставен семинар, кој опфати неколку топ туристички дестинации во Европа, како и крстарење со еден од најексклузивните бродови, МСЦ Поезија. Беше реализирана и посета на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството-Опатија, кој еден од најреномираните во оваа област во регионот и партнер со УТМС.

По опсежните планирања и подготовки, во суборганизација на ФТС Травел (Туристичка агенција која работи во составот на УТМС), експедицијата на Наставно-научниот семинар „МСЦ Поезија“, во состав од 110 учесници, со VIP автобуси, ја започна реализацијата на оваа практична настава, невообичаена за македонски прилики.
По патувањето низ Србија, Хрватска и Словенија, првата дестинација беше Италија каде со траектот „Вапорето“, се упативме до пристаништето во Венеција. Студентите имаа можност со придружба на професионален водич (м-р Оливера Ѓекиќ) да ги посетат сите знаменитости и културни паметници, меѓу кои, базиликата и плоштадот Свети Марко, Големиот Канал, ...
Следниот ден по појадокот, наредна дестинација беше Верона, каде беа посетени гробот на Јулија и Резиденцијалната палатата, а вечерта беше реализирана и посета на Монте Карло, во кнежеството Монако. Во едно од најлуксузните места во светот, место на богатите, место на одржување на трките од Формула 1, студентите, покрај прошетката низ градот, имаа можност да го посетат прочуеното казино „Ројал“.

Четвртиот ден, експедицијата на УТМС се упати кон пристаништето во Џенова, каде по царинските и административните формалности, го започна крстарењето со ултра луксузниот брод на МСЦ „Поезија“.
Вечерата и поствечерните активности поминаа во разгледување на бродот, запознавање со атрактивните, културните и забавните активности. Овој луксузен брод од 16 ката изобилуваше со најразлични можности за анимација и забава на патниците. По утринските активни одмори, најчесто покрај базенот, на 13. Кат, студентите се собираа на попладневните наставни активности. На наше задоволство, не изостануваше поддршка на дел од екипажот, така што комплетно беа реализирани зацртаните активности.

За време на престојот на бродот-крузер „Поезија“, во усогласена организација и споведување на една од најубавите локации и амбиенти за презентации, беа одржани вкупно 4 предавања на студентите.
Во рамките на крстарењето беше реализирана и посета на Дубровник. Самиот трансфер до брегот и процедурата за излез и повторен влез во бродот претставуваше демонстрација на организација на највисоко ниво, со сите потребни безбедностни и формални процедури. Бројниот екипаж на бродот работеше синхронизирано и крајно професионално.

Крстарењето заврши со пристигнувањето во Трст каде не чекаа нашите автобуси.

Во рамките на реализацијата на академските соработки, на седмиот ден, експедицијата беше во официјална посета на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството-Опатија, при што во амфитетатрот, пред студентите се обрати доц. д-р Сандра (Илиќ) Јанковиќ, продекан за меѓународна соработка, која одржа академски час со презентација на современите достигања и активностите на факултетот, по што следеше и пригоден коктел организиран од домаќинот.

На крајот, можеме со задоволство да констатираме дека Наставно научниот семинар МСЦ Поезија, целосно ги оствари поставените цели. Студентите беа и ексклузивни патници, но уште поважно за време на целата турнеја можеа да учат и директно да ги осознаваат начините на организација и реализација на едно вакво компликувано комбинирано патување од сите аспекти.

nastavno-nauchen-seminar-msc-poezija

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).