СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА НАСТАВНО – НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО БЕРОВО

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА НАСТАВНО – НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО БЕРОВО

Студентите од Факултетот за туризам на УТМС, предводени од проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, доц. д-р Дејан Наковски и асс. м-р. Горан Апостоловски, на 19 и 20 октомври 2016 година реализираа дводневен теренски наставно-научен практикум. На практикумот студентите посетија повеќе атрактивни туристички локалитети во источниот дел на Република Македонија.

Првиот ден од практикумот студентите го посетија Нардниот музеј на град Кратово, каде се запознаа со богатата историја на градот и исто така ги посетија средновековните градски кули и мостови. Од Кратово патувањето продолжи со посета на еден од најзначајните манастири во Република Македонија, Лесновскиот манастир, каде за историјата на манастирот предавање им одржа еден од членовите на монашкото братство. На истиот локалитет стдентите ги посетија и Лесновските пештери каде се вадел надалеку познат воденичарски камен Во попладневните часови студентите пристигнаа во малешевската котлина, во градот Берово, каде што во хотелот „Манастир“ покрај одличното сместување и традиционалната гастрономска понуда на студентите им беше организирана работилница и предавање со генералниот менаџер на хотелот м-р. Дина Муцунска.

Вториот ден студентите организирано заминаа во посета на хотелскиот ресорт Аурора, вештачката акумулација Ратево за да потоа заминат на бачилото Клепало, до каде што стигнаа по едночасовно пешачење низ живописните Малешевски планини. Таму имаа можност практично да видат и осознаат како се менаџира и практикува агротуризмот во реалноста. Практикумот студентите го завршија со посета на атрактивниот туристички комплекс Бела вода.

studentite-od-fakultetot-za-turizam-na-nastavno-nauchen-praktikum-vo-berovo

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај