Студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, предводени од доц. д-р Дејан Наковски, асс. м-р Горан Апостоловски, асс. Јаника Карапеткова и асс. Стефан Ристовски, на 19.11.2016 година беа во еднодневна посета на Саемот за туризам „PHILOHENIA 2016“ што се одржува во Солун.
Студентите од УТМС на „PHILOXENIA 2016“ го реализираа наставно-научниот практикум преку директни контакти со излагачите при што имаа можност да се запознаат со богатата туристичка понуда и со туристички трендови во светските туристички дестинации, но и да ги осознаат најсовремените маркетинг интерактивни пристапи кон глобалниот туристички пазар, начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, како и организирањето на настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители.
На Саемот се промовираа повеќе од 350 излагачи од 32 држави (хотелски ресорти, туристички агенции и туроператори, транспортни компании и компании чија што дејност е поврзана со туристичката индустрија).
Во рамките на наставно-научниот практикум студентите од УТМС го посетија и Casino Flamingo Hotel – Гевгелија, каде од менаџерскиот тим на хотелот беа запознаени со иновативните модели на стратешко и оперативно менаџирање на ресурсите во хотелот.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/285-philoxenia-2016#sigProIdefde9f1871