СТУДЕНТИ ОД УТМС НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА „INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE FESTIVAL 2017” ВО ВИНАРИЈАТА „КАМНИК”

СТУДЕНТИ ОД УТМС НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА „INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE FESTIVAL 2017” ВО ВИНАРИЈАТА „КАМНИК”

Во рамките на спроведување на практичната настава по предметот Гастрономија, студентите од Факултетот за туризам предводени од деканот, проф. д-р Сашко Граматниковски, асс. м-р Владанка Давковска и асс. м-р Горан Апостоловски, присуствуваа на првиот кулинарски фестивал во Скопје „INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE FESTIVAL 2017”, кој се одржува во винаријата „Камник”, Скопје. Тие имаа можност да ја следат презентацијата на Мастер клас едукација за кулинарството на турската кујна која што на брилијантен начин, преку несекојдневни рецепти ја претстави турскиот Мастер шеф, г-дин Ердем Дирбали. Презентацијата се состоеше од презентирање и изведба во живо на процесот на готвење на предјадење, главно јадење и десерт, по однапред составено мени со рецептура, кое по подготовката беше дегустирано од присутните. Овој настан за првпат се одржува во Р. Македонија и регионот и истиот претставува единствена можност за неповторливо гастрономско искуство. Идејата за организација на ваков настан ја поттикна Мастер шефот, г-дин Marc De Jong, со цел неговите пријатели, Мастер шефови од целиот свет да ги донесе во Р. Македонија како би се запознале со нашата традиционална кујна преку изворни рецепти. Гастрономскиот фестивал „ICE 2017” овозможува запознавање со шест интернационални кујни, преку шест различни Мастер клас обуки презентирани од шест Мастер шефови.

studenti-od-utms-na-praktichna-nastava-na-innovative-culinary-experience-festival-2017-vo-vinarijata-kamnik

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).