СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС ВО ПОСЕТА НА СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС ВО ПОСЕТА НА СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 17-ти Февруари, организираше еднодневен семинар во Струмица, овозможувајќи им на своите студенти да присуствуваат на Струмичкиот карневал, кој во земјава, но и надвор од неа важи за еден од најрепрезентативните карневали во светот.

Групата студенти од УТМС имаа можност да ги посетат и манастирите „Свети Леонтиј“ во Водоча како и црквата „Света Богородица Елеуса“ во Вељуса.

Во црквата „Света Богородица Елеуса“ која се наоѓа во Вељуса, студентите можеа да ги забележат сегментите од најстариот оригинален мермерен иконостас и подни мозаици, кои сведочат за илјадагодишната историја на манастирот.

Веднаш по него, следуваше посетата на повеќе вековниот манастир “Свети Леонтиј“ во Водоча, инаку некогашно седиште на Водочката епископија, а кој всушност претаставува спој на три цркви, односно источната, западната и средната, кои датираат од различни периоди но се вградени во една.

Во вечерните часови студентите присуствуваа на главната карневалска вечер на традиционалниот Струмички карневал, односно ја следеа Интернационалната карневалска поворка, каде годинава учество земаа гости од повеќе земји, односно од Србија, Хрватска, Турција, Бугарија, Аруба. Покрај традиционалните маски со тематики врзани со верскиот празник Тримери, посветен на таканаречените армасани односно верените девојки, или, невеста и младоженец, потоа попови, мечакри, ѓаволот со рогови и слично, можеа да се видат и маски организирани во групи со повеќе тематики.

Еднодневниот семинар во Струмица уште еднаш потврди дека Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје перманентно креира активности за подобрување на компетенциите на студентите и практична примена на стекнатите академски знаења.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).