Студентите од Универзитетот Скопје учествуваа на 47-иот Меѓународен саем за туризам во Белград, кој се одржува во периодот од 19 до 22 февруари, каде имаа можност да се запознаат со најновите трендови и иновации во туристичката индустрија, како и да развијат практични вештини преку директна интеракција со експерти и претставници од водечки компании и институции.
Во рамки на посетата, студентите го посетија и Универзитетот Сингидунум, каде што присуствуваа на стручно предавање на тема „Бизнис комуникации“. Предавањето овозможи размена на знаења и искуства, со фокус на современите модели на деловна комуникација, корпоративната култура и професионалниот развој.
Оваа студиска посета претставува значаен придонес кон унапредување на практичната настава и интернационализацијата на образованието, овозможувајќи им на студентите директен контакт со реалниот пазар на труд и создавање нови можности за академска и професионална соработка.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/2750-studentite-od-univerzitetot-skopje-na-47-iot-megjunaroden-saem-za-turizam-vo-belgrad#sigProId473927761b
