Ректорот на Универзитет Скопје проф. д-р Аце Миленковски, професорите и студентите, во рамки на активностите на престижниот Меѓународен саем за туризам „FITUR "во Мадрид, го посетија и штандот на нашата Република Македонија. Посетата беше збогатена со присуството на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со кого студентите имаа можност да поразговараат за промоцијата на македонската култура, туризам и културно наследство на меѓународна сцена. Ова искуство претставува значаен поттик за младите академци и уште една потврда за важноста на поврзувањето на образованието со реалните културни и туристички практики.
Студентите од Универзитет Скопје, во текот на посетата на саемот за туризам „FITUR", имаат можност директно да комуницираат со изложувачите, да присуствуваат на професионални презентации и одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на меѓународниот туристички пазар. Ова искуство им овозможува практични знаења, нови перспективи и вредни контакти кои ќе бидат значајни за нивниот иден професионален развој.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/2730-fitur-2026#sigProIdec0f8a8394
