Студентите од Универзитетот Скопје, предводени од Проф. д-р Дејан Наковски и асс. м-р Горан Апостоловски, на 10.11.2023 година беа во еднодневна посета на Саемот за туризам „PHILOHENIA 2023“, што секоја година се одржува во Солун.
Студентите од УТМС на „PHILOXENIA 2023“ го реализираа наставно-научниот практикум преку директни контакти со излагачите при што имаа можност да се запознаат со богатата туристичка понуда и со туристички трендови во светските туристички дестинации, но и да ги осознаат најсовремените маркетинг интерактивни пристапи кон глобалниот туристички пазар, начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, како и организирањето на настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители.
Мотото на „PHILOXENIA 2023” e „Your next Destination!" (Вашата следна дестинација!) на кој се промовираа 192 излагачи од 20 држави (хотелски ресорти, туристички агенции и туроператори, транспортни компании и компании чија што дејност е поврзана со туризмот).
Во рамките на наставно-научниот практикум студентите од УТМС го посетија и Casino Flamingo Hotel – Гевгелија, каде од генералниот менаџер на хотелот м-р Марина Бадаровска, алумни на Универзитет Скопје, беа запознаени со иновативните модели на оперативно и стратешко менаџирање на хотелот.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/2512-philoxenia-2023#sigProId6d1ed506e9