СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ „PHILOXENIA 2017“ ВО СОЛУН

СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ „PHILOXENIA 2017“ ВО СОЛУН

Студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, предводени од доц. д-р Дејан Наковски, асс. м-р Горан Апостоловски и асс. м-р Марина Стојмирова, на 10.11.2017 година беа во еднодневна посета на Саемот за туризам „PHILOXENIA 2017“ што се одржува во Солун. Студентите од УТМС на „PHILOXENIA 2017“ го реализираа наставно-научниот практикум преку директни контакти со излагачите при што имаа можност да се запознаат со богатата туристичка понуда и со туристички трендови во светските туристички дестинации, но и да ги осознаат најсовремените маркетинг интерактивни пристапи кон глобалниот туристички пазар, начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, како и организирањето на настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители. Во рамките на наставно-научниот практикум студентите од УТМС го посетија и Casino Flamingo Hotel – Гевгелија, каде од менаџерскиот тим на хотелот беа запознаени со иновативните модели на стратешко и оперативно менаџирање на ресурсите во хотелот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).