Студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, предводени од асс. м-р Андреја Мачкиќ и м-р Татјана Јанева, на 08.11.2019 година беа во еднодневна посета на Саемот за туризам „PHILOXENIA 2019“ што се одржува секоја година во Солун.
Посетата на саемот беше во насока на зголемување на теоретското знаење на студентите со практично искуство.
Реализацијата на наставно-научниот практикум беше преку директни контакти со излагачите каде студентите имаа можност да се запознаат со богатата туристичка понуда и со туристички трендови во светските туристички дестинации.
Меѓународниот саем им овозможи на студентите да ги осознаат најсовремените маркетинг интерактивни пристапи кон глобалниот туристички пазар, начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите и организирањето на настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители.
Во рамките на наставно-научниот практикум студентите од УТМС го посетија и Casino Flamingo Hotel – Гевгелија, каде од менаџерскиот тим на хотелот беа запознаени со иновативните модели на стратешко и оперативно менаџирање на ресурсите во хотелот.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/1646-philoxenia-2019#sigProId5d9885afb3