Делегација од УТМС, во состав проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам, проф. д-р Далиборка Блажеска, декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, проф. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, асс. м-р Гордана Серафимовиќ, асс. м-р Андреја Мачкиќ и асс. м-р Горан Апостоловски го посети 39-тиот меѓународен саем за туризам во Мадрид FITUR 2019. На саемот имаше 886 штандови и 10487 компании од 165 земји и региони во светот, претставени со најсовремено брендирани штандови, примена на интерактивни маркетинг пристапи, организирање на промотивни настани, со цел привлекување на поголем број меѓународни и домашни посетители.
Делегацијата оствари повеќе неформални средби и разговори со претставници на саемските излагачи каде се разговараше на теми поврзани со националното брендирање, претставувања на нациите и културите, како и запознавање со иновациите во туризмот.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со свои претставници постојано учествува на меѓународните саеми, а тоа е уште една потврда дека ги следи современите трендови и истите ги применува во своето работење.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/1432-39-fitur-2019#sigProId1f6f65b116