УТМС НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН

УТМС НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН

Студентите од Универзитетот за туризам и менаџметнт од Скопје заедно со дел од професорскиот кадар предводен од Деканот Доц. д-р Далиборка Блажеска во чии состав беа и Доц. д-р Зоран Стрезовски, Асс. м-р Дејан Наковски Асс. м-р Ангела Миленкоска и Асс. м-р Андреја Мачкиќ реализираа еднодневна посета на Саемот за туризам „Philohenia“ што по 31 пат се одржува во Солун.

Како излагачи на овој саем се промовираа туристичките дестинации (најчест преставени преку своите амбасади и тоа од Република Турција, Бугарија, Тунис, Египет, Азербејџан, Словачка, Кипар, Индија и секако домаќинот Грција, потоа хотелски ресорти најчесто од Грција, туристички агенции и туроператори, транспортни компании и секако компании кои обавуваат дејности кои се поврзани директно со туризмот.

На Саемот студентите од УТМС се запознаваа со начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетителите, потоа какви туристички производи промовираат различни земји, како се промовираат хотелите, туроператорите, продажна промоција како и лична продажба на пултовите.

На штандот на Тунис, преставникот од амбасадата направи 10 минутна презентација на туристичките атрактивности на Тунис почнувајќи од историјатот преку развојот па се до атрактивните туристички места во Тунис. На штандот на Индија студентите имаа можност да се запознаат со туристичките атрактивности на Индија кои ги добија од од преставникот на нивната амбасада присутен на саемот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).