На Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје, денес, 21-ви Февруари, ексклузивни предавања на тема: Дигитален маркетинг и мобилен маркетинг, одржа еминентниот професор Луис Мутињо. Настанот го отвори ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, кој во своето обраќање, до студентите и вработените, го претстави проф. Мутињо како негов личен пријател, но и пријател на УТМС, кој со посебна чест и задоволство ќе сподели академско знаење и добри практики во однос на современите маркетинг трендови во бизнисот. Предавањето на еминентниот академски професор и истражувач во областа на стратешки маркетинг и туризам со повеќе од 25-годишна престижна академска кариера како редовен професор на реномирани универзитети во светот, започна со интеракција во која иницираше дискусија за семантичко декодирање на семиотичко-математичкото изразување на маркетиншки процеси преку што ја воспостави конекцијата, т.е. го афирмираше мултидисциплинарниот приод во изучувањето и примената на маркетингот. Во понатамошниот тек на предавањето професорот Мутињо говореше за дигитални и технолошки иновации во маркетинг - сензори, биомаркетинг, социјални визуелизации и мешана реалност. Во двочасовното предавање студентите и вработените беа активно вклучени со искажување на ставови во однос на примената на дигиталниот маркетинг во бизнис секторот во Р. Македонија, како и со можност да постават прашања на кои професорот даваше експлицитни одговори, микс од академски и искуствени практики. Неговата водечка улога во истражувањата и академската работа во областа на научни проекти од повеќе области од кои примарна е моделирањето и математичкиот приод во Однесување на потрушавачите, Стратешки маркетинг, Процеси на потрошувачко однесување во туризмот, Мултигенерациски маркетинг и Биомаркетинг, придонесоа слушателите импресивно со максимална концентрација да го следат неговото излагање.
Во 19:00 часот професорот Мутињо одржа второ предавање на кое присуствуваа вработените на УТМС и членови на Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“, на тема: Прашања на иднината- нови технологии, биомаркетинг, когнитивни невронски мрежи. Посебен фокус во текот на предавањето беше ставен на актуелни научни трендови од областа на примената на роботската технологија, фаб лабаратории, интернет на сѐ, сензори на нештата, социјална визуализација како и биолошки инспирирана интилигенција. Во текот на предавањето професорот Мутињо ги анимираше присутните поставувајќи прашања, но и барајќи од присутните да ги искажат своите мислења во однос на примената на дигиталните технологии во маркетингот.
УТМС го рангира ексклузивното гостување на проф. д-р Мутињо во едно од најмаркантните од своето основање и со огромна чест и задоволство присуствуваше на предавањата.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/836-na-utms-eminentniot-profesor-luiz-mutinjo-odrzha-predavanja-za-digitalen-marketing2#sigProId9e9c93d3af