Регулирање на медиумскиот пазар
Во насока на продолжување на праксата за гостување на еминентни експерти и личности од јавниот, економскиот и научниот свет во Република Македонија, во академската 2015/2016 на 29.09.2015 година, на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент од Скопје, предавање одржа довчерашниот член на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги и поранешен главен и одговорен уредник на радио мержата „Канал 77“ м-р Столе Наумов.
На предавањето на кое присуствуваа студенти од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за туризам, гостинот говореше на тема “Регулирање на медиумскиот пазар“.
Своето излагање м-р Наумов, го започна со преставување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно нејзината стучна и хиерархиска поставеност, како и деловникот за работа, истовремено потенцирајќи ги надлежностите кои ги има оваа значајна институција. Особен интерес кај студентите предизвика легислативната ви за ви европската, особено во доменот на издавање на дозвола за работа или, пак одземање на лиценцата на некој медиум.
Секако стана збор и за операторите на јавните комуникациски мрежи, односно нивната улога во медиумскиот простор, авторските права, и секако листата на медиуми кои егзистираат на просторот на Република Македонија. Како особена тема на дисусија меѓу студентите беше говорот на омраза, но и програмските шеми на телевизиите, односн о што треба да се емитува а штои да се забрани, или, пак кои одредени содржини треба да се емитуваат во одредени термини.
На крајот на своето излагање гостинот предавач м-р Столе Наумов, потенцираше дека Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски улуги е отворена за оставање на одредени преставки и прашања од граѓани, на кои оваа установа има обврска да одговори.