НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ВИЦЕ ГУВЕРНЕРКАТА НА НБРМ Д-Р АНИТА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ВИЦЕ ГУВЕРНЕРКАТА НА НБРМ Д-Р АНИТА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

Идните промени во монетарната политика зависат од остварувањата во екстерниот сектор и динамиката на девизните резерви

Во рамките на програмата за повикување на гости предавачи од економската бизнис заедница како и од јавните и државните институции, денес 09.03.2016 година на Универзитеот за туризам и менаџмент пред студентите од Економскиот факултет при УТМС, предавање одржа вице-гувернерната на Народна банка на Република Македонија Д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

Темата на која вице-гувернерката на НБРМ им се обрати на студентите беше „Среднорочни макроекономски проекции на НБРМ и најнови макроекономски остварувања“.

На предавањето беа опфатени сегментите врзани за најновите проекции на НБРМ, според кои се очекува солиден раст на економијата во наредните две години (3,5% во 2016 и 4% во 2017 година) преку клучните фактори, како државните капитални инвестиции, позитивни ефекти од реализираните и очекуваните нови СДИ, потоа поволни движења на пазарот на трудот, солиден раст на кредитите, а динамички преку постепеното подобрување на изгледите во надворешното окружување, и секако позитивни ефекти од структурните поместувања во извозниот сектор.

Третирани, на особено суптилен и стручно супериорно поткрепен начин, беа и сите главни елементи на двигателите за одржливиот раст на БДП, односно извозот и инвестициите, личната потрошувачка, во комбинација со умерениот раст на јавната потрошувачка (во согласност со среднорочната фискална стратегија), како и негативниот придонес на нето извозот во 2016 и 2017 година.

Проекциите врзани за структурните промени на компонентите во реалниот БДП, бруто инвестициите, пазарот на трудот, инфлацијата, билансот на плаќања (тековната сметка и трговскиот дефицит) го надградија освртот, за да продолжат со оценката за девизните резерви (кои остануваат во безбедносната зона), како и стабилизацијата на надворешниот долг, кредитниот раст и стабилноста на банкарскиот систем.

Во заклучните согледувања на Д-р Бежоска беа позиционирани мерките на Монетарната политика и макропрудентните мерки, како и импликациите за Монетарната политика, при што, според вице-гувернерката последните макроекономски показатели и оцени не упатуваат на поголеми промени во согледувањата за амбиентот за монетарната политика. Почнувајќи од солиден економски раст поддржан од кредитната активност на домашните банки, инфлацијата и понатаму ниска и стабилна, „бенигна“ екстерна позиција која претпоставува умерено проширување на дефицитот на тековната сметка и адекватно ниво на резерви како заштита од идни и непредвидени шокови.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).