Г-дин Владо Србиновски од Балканска Асоцијација за Алтернативен туризам „Балканија“ - Скопје
Факултетот за туризам согласно програмата за работа која предвидува повикување на гости предавачи, кои на студентите им пренесуваат дел од своето знаење, кое го практицираат секојдневно во својата работа денес 09.05.2016 година имаа можност да проследат предавањето на г-дин Владо Србиновски од Балканска Асоцијација за Алтернативен туризам „Балканија“ - Скопје.
Присутните студенти на предавањето имаа можност да се запознаат со новите трендови во туризмот во Европа, односно со иновативен модел на туризам „Дифузен хотел“, кој што претставува иновативен модел на туристичка понуда од Италија, а кој е превземен и прилагоден и од други земји.
Моделот „Дифузен хотел“ (Albergo Diffuso), покрај сместувањето нуди можности за активен одмор со многу содржини базирани на културното наследство и природните вредности на регионот што е и основа за одржлив развој.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/427-gostin-predavach-na-fakultetot-za-turizam#sigProId88a9734316