АМБАСАДОРОТ НА Р. УНГАРИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, Г- ДИН ЛАСЛО ИШТВАН ДУКС ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО Р. УНГАРИЈА

АМБАСАДОРОТ НА Р. УНГАРИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, Г- ДИН ЛАСЛО ИШТВАН ДУКС ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО Р. УНГАРИЈА

Во рамките на програмата за гости - предавачи на Универзитетот за туризам и манаџмент во Скопје на 06.04.2017 година, експертско предавање одржа амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Неговата Екселенција г-дин Ласло Иштван Дукс, кој пред студентите, вработените и учениците од СУГС „Јосип Броз Тито“ говореше на тема: „Туристичките трендови во Р. Унгарија”. Покрај најважните туристички дестинации во Р. Унгарија, Амбасадорот го потенцира економското влијание на туризмот кој учествува со 10.3% во БДП на Р. Унгарија со што претставува важен економски сектор кој вработува 9.3% од работно способната популација. Амбасадорот во своето предавање, како важен сектор за постигнување на идните развојни цели во туризмот во Р. Унгарија, ги потенцираше маркетингот и промотивните активности за кои во 2017 година се предвидени 36.7 милиони евра за Р. Унгарија и дополнителни 16.5 милиони евра за промоција на главниот град на државата - Будимпешта. Во текот на предавањето дел од студентите и вработените поставија прашања за актуелните трендови во туристичката индустрија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).