АМБАСАДОРКАТА НА Р. ХРВАТСКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕЈЗИНАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, Г-ЃА ДАНИЈЕЛА БАРИШИЌ, НА УТМС ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ТУРИЗМОТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

АМБАСАДОРКАТА НА Р. ХРВАТСКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕЈЗИНАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, Г-ЃА ДАНИЈЕЛА БАРИШИЌ, НА УТМС ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ТУРИЗМОТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

По повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот на 27.09.2017 година во 12:00 часот во амфитеатарот на УТМС пред студентите и вработените предавање на тема: Туризмот во Хрватска, одржа амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Македонија, Нејзината Екселенција, г-ѓа Данијела Баришиќ. Во воведното излагање амбасодорката го потенцираше глобалното значење на денешниот ден, Светскиот ден на туризмот. Во предавањето беше промовирана глобалната кампања на UNWTO за подигнување на свеста за вредноста на одржливиот туризам за економскиот раст и развој –Travel, Enjoy,Respect која го афирмира значењето на туризмот како катализатор за позитивни глобални промени. Исто така беше истакнато значењето на поддршката што Р. Хрватска ја дава во развојот на туристичката индустрија за инклузивен економскиот раст, социјално зајакнување на заедниците со обезбедување на пристојни работни места, зачувување и збогатување на животната средина и справување со климатските промени, славење и зачувување на различноста, идентитетот и материјалната и нематеријалната култура, и мирот како основен предуслов за развој и напредок на глобално ниво.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).