Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во соработка со Министерството за образование и наука, ги имплементира активните политики во рамките на Твининг проектот финансиран од ЕУ за понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации.
Во функција на креирање квалитетни курикулуми за конкурентни аутпути на знаења, вештини и компетенции на студентите, на 28.09.2017 година, со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на УТМС, се одржа предавање за Националната рамка за квалификации од страна на Твининг проектот. Предавањето го одржа твининг експертот, проф. Ева Хмилиевска од Полска, која има долгогодишно искуство во оваа област и е член на Советодавната група за Европска рамка на квалификации во Брисел. Дел од твининг тимот беа и постојаниот Твининг советник, г-ѓа Беата Балинска и г-ѓа Тања Стоименовска.
На предавањето присуствуваше наставен кадар на УТМС и дел од студентите кои пројавија интерес за темата.
Предавањето заврши со заклучок дека Универзитетот за туризам и менаџмент веќе ги има превземено сите активности за усогласување на наставните програми согласно насоките на Европската унија.