Денес, во амфитеатарот на Универзитетот Скопје, со почеток во 12 часот, предавање одржа нашиот гостин предавач, амбасадорот на Република Казахстан, Н.Е. Сатибалди Буршахов.
Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, пред студентите, професорите и деканите, најави идна соработка со еден од најпрестижните универзитети во Казахстан.