Фокусот на денешната средба со амбасадорот на Австрија во Скопје, г- дин Мартин Памер беше интензивирање на меѓусебната соработка, пред сѐ во сферата на туризмот и економијата, образованието, културата, заштитата на културно – историско наследство.
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски на средбата ја нагласи улогата на Универзитет Скопје во промовирањето на Република Македонија, со длабока верба дека оваа средба ќе биде силна инспирација за нашите студенти и патоказ во градењето просперитетно и стабилно општество.На денешната средба присутни беа и г-дин Јоханес Хајдекер- советник на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и г- ѓа Ана Мишевска- референт за култура во канцеларијата на Австриската амбасада во Скопје.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/2606-poseta-na-avstiskiot-ambasador-n-e-martin-pamer-na-univerzitetot-skopje#sigProId49f4867ac3