Делегација од амбасадата на Република Индонезија предводена од Н. Е. Sri Astari Rasjid оствари работна посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На средбата присуствуваа деканот на Факултетот за туризам, Сашко Граматниковски, проф. д-р Зоран Ивановски, генералниот секретар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Јана Кукеска и доц. д-р Валентина Анѓелкоска. На средба се разговараше за продлабочување на соработка во сферата на културата, образованието и туризмот со Република Индонезија. Во текот на средбата се потенцираа заедничките можности за остварување на проекти кои ќе ја зацврстат соработката. Еден од тие проекти е одбележувањето на светскиот ден на туризмот, кој ќе биде збогатен со содржини и обележја кои ќе ја отсликуваат оригиналната Индонезиска култура и туристички потенцијали, препознатливи во светски рамки. Исто така предмет на интерес беше можноста за вмрежување на УТМС со универзитети од Република Индонезија кои како и УТМС имаат TEDQUAL диплома за квалитет и се придружни членки на Светската туристичка организација. За целите на реализација на споменатите заложби за интензивирање на меѓусебна соработка, на маргините од средбата беше договорена посета на делегација од УТМС на Република Индонезија.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/1498-sri-astari-rasjid-2019#sigProIdf554e76ef6