На 22.03.2018 година претставници од Агенцијата за човечки ресурси „Анторис”, г-дин Саша Ристиќ и психологот, г-ѓа Ивана Лембовска, одржаа експерстко предавање пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на тема: Трендовите во регрутирање и селекција на кадри - „Психолошка процена“. Во рамки на предавањето, експертите ги презентираа фазите од процесот на регрутација и селекција на кадри и развија дискусија со студентите на актуелни теми поврзани со професионален и кариерен развој.