Обуката е еднодневна, дизајнирана за ученици од средните училишта во Р. Македонија. Програмата е конципирна според актуелните трендови во однос на примената на дигиталните медиуми во креирањето на корпоративниот имиџ и им овозможува на учесниците да го разберат значењето на темата во однос на менаџирање на информациите кои се наменети за таргетираните групи.
Примената на дигиталните медиуми во креирањето на корпоративниот имиџ е приоритетна алатка која ја позиционира компанијата и придонесува за одржлив развој и општествено одговорно делување.
Целта на обуката е:
Стекнување на компетенции за примена на дигиталните медиуми во креирањето на имиџот на компаниите; идентификување на соодветните медиуми и таргет групи; изработка на акционен план за дигитални комуникации.
Модули:
1. Функцијата на дигиталните медиуми во креирањето на имиџот на компаниите
2. Креирање на професионален и корпоративен имиџ со примена на дигиталните медиуми
3. Избор на соодветни дигитални медиуми во зависност од таргет групите
4. Креирање на дигитални медиумски стратегии за конкурентски корпоративен имиџ
5. Менаџирање на промените во дигиталните медиуми
6. Стандарди за креирање на мултимедијални информации кои се пренесуваат преку дигиталните медиуми
7. Медиумска етика
Реализатори:
Доц. д-р Валентина Муцунска Палевска
Доц. д-р Љупка Наумовска
Асс. м-р Мила Георгиевска