Обуката на тема: Вештини за создавање на интрапретприемачка организација е овозможена со покровителство на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, а во организација на Центарот за кариера на УТМС и Факултетот за претприемачки бизнис. Обуката е еднодневна, дизајнирана за ученици од средно училиште и за студенти.
Програмата е лесно разбирлива и овозможува учесниците да ги подобрат своите знаења за современиот менаџмент концепт на интрапретприемаштво, процесот на создавање интрапретприемачка организација, градење на интрапретприемачка култура и поттикнување на интрапретприемачки дух, креативност и иновативност. На крајот на обуката на учесниците им се доделуваат сертификати за посетувана обука.
Целта на обуката е:
Обуката е во функција на стекнување на применливи знаења за креирање на интрапретприемачка организација. Методологијата на обуката е интерактивна и симулира реални бизнис ситуации на добри практики преку кои обучуваните учат кои алатки се користат во менаџирањето на проактивна организација. Обуката овозможува учесниците да се стекнат со конкурентни вештини и компетенции.
Модули:
1. Интрапретприемаштво како менаџмент концепт
2. Интрапретприемачи
3. Процес на создавање интрапретприемачка организација
4. Градење на интрапретприемачка организациска култура
5. Интрапретприемачки политики
6. Стимулирање на интрапретприемачки дух, креативност и иновативност
Реализатори:
Доц. д-р Наташа Ристовска
Доц. д-р Александар Даштевски
Асс. м-р Мери Ничкова