Кандидатите кои што ќе се стекнат со овој сертификат ќе навлезат во суштината на работењето на туроператорите и туристичките агенции во сите сектори, од истражување на туристичкиот пазар како појдовна точка во креирање туристички аранжмани, создавање на аранжманите, промоција, продажба, реализација и пресметка на истите, запознавање со современите тенденции во работењето на туроператорите и туристичките агенции, развивање организациски и комуникациски вештини.
Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:
1. Менаџмент на туристички агенции
2. Менаџмент на човечки ресурси
3. Маркетинг во туризмот