СЕРТИФИКАТ ЗА ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК

Наставната програма по која што Факултетот за туризам ќе ја изведува наставата и полагањето на стручен испит за туристички придружник во Република Македонија, по кој кандидатите ќе се стекнат со уверение, произлегува од одредбите од член 18 и 19 (член 45-а) од Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност (Сл. Весник бр. 89/2008).

Основна цел на обуката е создавање организациски, комуникациски вештини и вештини на презентирање, стекнување со знаења за царинските и банкарските работи, сообраќајните можности, основни знаења за најзначајните туристички региони во светот, природните ресурси и културното наследство во тие региони, туристички места во Република Македонија и усовршување на англискиот јазик.

Наставната програма што наставно-научниот совет на Факултетот за туризам-Скопје ја усвои, опфаќа пет одделни предмети, што по својата содржина се неопходни за квалитетна и добро осмислена настава и обука на кадри кои ќе работат во туристички сојузи, здруженија и агенции како туристички водичи за потреба на домашни и странски туристи.

Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:

1. Туристичка географија
2. Културно наследство
3. Информативно-водичка служба во туризмот
4. Туризам и транспорт
5. Странски јазик

Потребни документи:

  1. Диплома заверена кај нотар
  2. Копија од државјанство
  3. Копија од извод од матична книга на родени
  4. Копија од лична карта
  5. Уплатница на сума од 20,000.00 денари

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај