Наставната програма по која што Факултетот за туризам ќе ја изведува наставата за стручен испит по кој што кандидатите ќе се стекнат со сертификат и звање „Туристички водич“ во Република Македонија произлегува како потреба на туристичкото стопанство во државата, но пред сè како потреба на туристичките агенции и здруженија регистрирани во нашата земја, што се занимаваат со оваа дејност.
Стекнување со знаења за природните и антропогените туристички ресурси во Република Македонија, историјата на земјата, културно-историските споменици, уметничките дела, етнографските и други атрактивности, историските настани, легенди и личности за тие настани, општественото уредување на земјата, како и општите познавања од областа на туризмот. Посебен акцент се става на создавање вештини на презентирање во различни амбиенти (отворен и затворен простор, превозно средство), организациски и комуникациски вештини.
Наставната програма што наставно-научниот совет на Факултетот за туризам ја усвои, опфаќа осум одделни предмети, што по својата содржина се неопходни за квалитетна и добро осмислена настава и обука на кадри кои ќе работат во туристички сојузи, здруженија и агенции како туристички водичи за потреба на домашни и странски туристи.
Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:
1. Туризам, принципи и практика
2. Туристичка географија на Република Македонија
3. Национална историја
4. Културно наследство
5. Менаџмент во хотелиерството и туристички агенции
6. Информативно-водичка служба во туризмот
7. Туризам и транспорт
8. Странски јазик
9. Практичен испит
Потребни документи:
- Диплома заверена кај нотар
- Копија од државјанство
- Копија од извод од книга на родени
- Копија од лична карта
- Уплатница на сума од 31,000.00 денари