Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје реализираше промотивни активности за упис на студенти во академската 2018-2019 година во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Со примена на интерактивна мултимедијална презентација матурантите беа информирани за уникатните предности за студирање на УТМС. Посебен интерес кај матурантите предизвика методологијата на студирање, грижата и поддршката за професионална ориентација и кариерно насочување на студентите од Центарот за кариера како и практичната настава во земјата и во странство.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/584-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-sosu-mosha-pijade-vo-tetovo#sigProId2b5cdbfbd4
https://utms.edu.mk/novosti/584-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-sosu-mosha-pijade-vo-tetovo#sigProId2b5cdbfbd4