Од 5 до 7 мај 2026, Универзитет Скопје учествуваше на Отворениот ден во гимназијата ,,Кочо Рацин"- Велес, а оствари и презентации на своите студиски програми пред матурантите во Берово, Виница и Кочани.
Настанот во Велес беше одлична можност младите одблиску да постават прашања, да добијат насоки и да направат чекор поблиску до изборот на својата иднина.
Во рамки на активностите за приближување на високообразовните можности до матурантите, тимот на Универзитет Скопје реализираше посета на ОСУ „Ацо Русковски “ во Берово.
Тимот на Универзитет Скопје беше и во посета на СОУ “ Ванчо Прке” во Виница, каде пред матурантите беа презентирани студиските програми, можностите за практична настава и перспективите што ги нуди современото високо образование.
Потоа, беше реализирана презентација и во СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани, каде со матурантите споделивме идеи, можности и визии за иднината.
Евидентен беше интересот на матурантите за продолжување на своето образование на некој од факултетите на нашиот универзитет.
Универзитет Скопје продолжува активно да ги поддржува младите во нивниот избор, нудејќи им знаење, визија и можности за развој!
https://utms.edu.mk/novosti/2777-prodolzhuvaat-promotivnite-aktivnosti-na-univerzitet-skopje-niz-makedonija#sigProId4d33298862

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ