Денеска нашиот тим ги посети средношколците од СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје. На средбата нашите колеги им ги претставија условите, методологијата и можностите за студирање на нашиот Универзитет.
Овојпат средношколците беа особено заинтересирани да дознаат нешто повеќе за студиите по менаџмент на човечки ресурси кај нас.
По завршувањето на оваа атрактивна студиска програма, нашите дипломци се вработуваат како менаџери за човечки ресурси, регрутери на кадри, советници или соработници за човечки ресурси, како и на многу други работни места поврзани со управувањето со човечките ресурси во приватниот и во јавниот сектор.
Ако сакате работа со луѓе и успешна кариера, направете го вистинскиот избор и запишете се на Факултетот за манаџмент на човечки ресурси на Универзитет Скопје!
Ве очекуваме!
https://utms.edu.mk/novosti/2648-nashiot-tim-vo-poseta-na-srednoshkolcite-od-sugs-vlado-tasevski-vo-skopje#sigProIde2c2ce9c00