Денес тимот на Универзитетот Скопје беше во посета на средношколците од СУГС „Кочо Рацин“ и СУГС „Марија Кири - Склодовска“ во Скопје.
Идните академски граѓани на државата беа особено заинтересирани за можностите за патување за време на студирањето што ги нуди Универзитетот. Имено, во рамките на програмите за студирање, УТМС организира наставно-научни практикуми со посета на најпознатите туристички саеми во регионот. Преку овие патувања, студентите стекнуваат практични искуства и знаења за областа што ја студираат, а кои ќе им помогнат полесно да се вклопат и да станат продуктивни на идните работни места.
Учите и патувајте со нас!
Ве очекуваме од октомври да им се придружите на најдобрите!
https://utms.edu.mk/novosti/2646-nashiot-studentski-karavan-prodolzhuva-vo-skopje#sigProId49f4749de5