Универзитетот Скопје и оваа академска година им ги отвара своите врати на матурантите и на сите оние што сакаат квалитетно образование што гарантира иднина! Кампањата за упис на нови студенти почна со посета на средното училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци” во Драчево.
На идните академски граѓани им беа претставени можностите за студирање на еден од петте факултета на Универзитетот: Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурси, Факултетот за информатика и Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Идните студенти особено беа заинтересирани за квалитетот на образованието на Универзитетот, практичната работа во Македонија и во странство и за универзитетската диплома што ја нуди УТМС признаена секаде во светот.
https://utms.edu.mk/novosti/2644-maturantite-sakaat-da-uchat-od-najdobrite#sigProIdab25a59d9c