Тимот на УТМС во рамките на промотивната кампања реализираше презентација пред матурантите од СУГС Владо Тасевски. Со интерактивен пристап, матурантите имаа прилика да се запознаат со студиските програми на факултетите кои функционираат во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Посебен интерес кај матурантите предизвика уникатната методологија за студирање, сертификатот за квалитет во високото образование од UNWTO, како и можностите за патување во рамките на наставно-научните практикуми и реализацијата на практичната работа на студентите во странство.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1713-utms-so-promocija-vo-sugs-vlado-tasevski#sigProId8be3e14af5
https://utms.edu.mk/novosti/1713-utms-so-promocija-vo-sugs-vlado-tasevski#sigProId8be3e14af5