Во рамките на уписната политика, академски тим од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, реализираше промотивна кампања пред матурантите во ЕМУЦ „Ѓорги Наумов“ во Битола. Тимот составен од доц. д-р Дејан Наковски, доц. д-р Ана Јовковска, асс. м-р Маријана Радевска, асс. м-р Горан Апостоловски и м-р Љупчо Миленковски преку мултимедијални презентации ги запознаа матурантите со можностите и условите за упис и студирање на факултетите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1712-prezentacija-na-utms-pred-maturanti-vo-emuc-gjorgi-naumov-vo-bitola#sigProIdc202812afd
https://utms.edu.mk/novosti/1712-prezentacija-na-utms-pred-maturanti-vo-emuc-gjorgi-naumov-vo-bitola#sigProIdc202812afd