Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2020-2021 година, академскиот тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги презентираше предностите за студирање на УТМС пред матурантите во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје.
Преку мултимедијалната интеракција, матурантите ги следеа предностите на студирање на факултетите на универзитетот. Посебен интерес кај матурантите предизвика уникатната методологија и мерливоста на знаењата.
Матурантите беа запознаени со апликативноста на теоријата во праксата и функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.
Забележана беше голема интерактивност особено за студиските програми на факултетите и условите за студирање.
https://utms.edu.mk/novosti/1705-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-sugs-gimnazija-orce-nikolov-vo-skopje#sigProIda5bb3e3893