Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ја продолжи својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2020-2021 година во средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” во Скопје. Со интерактивен пристап тимот од УТМС ги запозна матурантите со методологијата на работа на универзитетот, меѓународно признатата диплома, уникатната промоција на дипломци и магистри и алумни центарот на УТМС. Матурантите беа информирани и за факултетите кои функционираат во состав на универзитетот.