Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ја продолжи својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2020-2021 година во средното училиште СОУ„Цар Самоил“ во Ресен. Со интерактивен пристап тимот од УТМС ги запозна матурантите со методологијата на работа на универзитетот, меѓународно признатата диплома, уникатната промоција на дипломци и магистри и алумни центарот на УТМС. Матурантите беа информирани и за факултетите кои функционираат во состав на универзитетот, со посебен осврт на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1702-promocija-na-utms-vo-sou-car-samoil-vo-resen#sigProId3a8dfd58b5
https://utms.edu.mk/novosti/1702-promocija-na-utms-vo-sou-car-samoil-vo-resen#sigProId3a8dfd58b5