Тимот на УТМС во рамките на својата промотивна кампања реализираше мултимедијална презентација во СУГС „Здравко Цветковски” во Скопје. Матурантите се запознаа со можностите и условите за упис и студирање на факултетите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Преку интерактивен пристап од страна на академскиот тим на универзитетот, матурантите, ги добија сите потребни информации за спецификите на студиските програми на УТМС. Посебен интерес кај нив предизвика меѓународно признатата диплома, можностите за меѓународна размена на студенти преку Еразмус + програмата, како и реализацијата на практичната работа на студентите во странство.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1701-promocija-na-utms-vo-sugs-zdravko-cvetkovski-vo-skopje#sigProId88aa9eb08e
https://utms.edu.mk/novosti/1701-promocija-na-utms-vo-sugs-zdravko-cvetkovski-vo-skopje#sigProId88aa9eb08e