ПРОМОЦИЈА НА ПРОГРАМИТЕ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА УТМС ПОД МОТОТО: Направете гo вистинскиот избор

ПРОМОЦИЈА НА ПРОГРАМИТЕ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА УТМС ПОД МОТОТО: Направете гo вистинскиот избор

Доедукацијата на наставниот кадар се наметнува како нужност во услови на брзи општествено-политички и економски промени. Под мотото „Направете го вистинскиот избор“, на 5 ноември 2019 година се одржа промоција на програмите на постдипломските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Тим на УТМС ги презентираше програмите на наставниот кадар од четири средни училишта во Битола: гимназијата „Јосип Броз – Тито“, гимназијата „Таки Даскало“, техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ и економското училиште „Јане Сандански“.

Посебен акцент беше ставен на меѓународно признатите дипломи, методологијата на учење, мерливоста на знаењето, професионалниот кадар, признатиот квалитет и современите услови за работа. Причина „плус“ да се студира на Универзитетот за туризам и менаџмент, избирајќи еден од 6-те факултети со акредитирани програми компатибилни со најдобрите светски универзитети, е тоа што УТМС се грижи за своите студенти и се труди најважните моменти да останат запаметени.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај