Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ги продолжи своите промотивни активности во Ресен. И оваа година, асс. м-р Маријана Радевска заедно со студенти кои студираат на УТМС учествуваше на дефилето на матурантите од СОУ „Цар Самоил” во Ресен. Свечената манифестација на матурантите, која се одржа на градскиот плоштад во Ресен беше отворена од страна на градоначалникот, д-р Живко Гошаревски.
На манифестацијата учевствуваа 84 матуранти, а Универзитетот за туризам и менаџмент како покровител на манифестацијата на секој матурант му подари ваучер за упис на универзитетот.
Ваучер со стипендија за студирање беше доделен и на Васил Јанкула, момче болно од церебрална парализа кое за неколку дена со велисипед извози над 800 км под мотото „Сите сме исти” .
УТМС на сите матуранти им го честита матурирањето и им посака многу поголеми успеси во иднина.
View this gallery on Flickr
https://utms.edu.mk/novosti/1574-utms-na-defileto-na-maturantite-vo-resen#sigProIde9e3e5f8f1