Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019/20 година и продлабочување на досегашната соработка, тим од професори на УТМС, на 15.05.2019 година, реализираше посета на Халкбанк АД Скопје.
Во рамките на оваа посета, пред вработените во институцијата, беа презентирани студиските програми на Универзитетот за туризам и менаџмент, можностите за студирање на првиот и на вториот циклус студии, како и поволностите кои следуваат за вработените во институцијата, како резултат на долгогодишната соработка на универзитетот со банката.
View this gallery on Flickr