Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, академскиот тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги презентираше предностите за студирање на УТМС пред матурантите во средното училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш.
Преку мултимедијалната интеракција, матурантите ги следеа предностите на студирање на факултетите на универзитетот. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.
Матурантите интерактивно учествуваа со особен интерес за студиските програми на факултетите, методологијата на студирање, активностите на Центарот за кариера, како и Еразмус+ програмата.
View this gallery on Flickr
https://utms.edu.mk/novosti/1537-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-osu-kosta-susinov-vo-radovish#sigProId8bd9ac2050