Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, академски тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги презентираше предностите и методологијата за студирање на УТМС пред матурантите во средните училишта во Кочани, при што беа посетени гимназијата СОУ „Љупчо Сантов“ и техничкото училиште СОУ „Гошо Викентиев“.
Тимот од УТМС преку мултимедијалната презентација и интеракција со матурантите, ги истакна предностите на студирање на факултетите на универзитетот, а голем интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, како и апликативноста на теоријата во пракса.
https://utms.edu.mk/novosti/1526-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-kochani#sigProId646a8b6852