Академски тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, ги презентираше предностите и методологијата за студирање на УТМС пред матурантите во средните училишта во Куманово, при што беа посетени гимназијата СОУ „Гоце Делчев“,гимназијата „Сами Фрашери “, СОУ„ Перо Наков Куманово“, како и техничкото училиште СТУ„Наце Буѓони“.
Тимот од УТМС со интерактивен пристап ги запозна матурантите со методологијата на работа на универзитетот, меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, како и апликативноста на теоријата во пракса. Матурантите беа информирани и за факултетите кои функционираат во состав на универзитетот, со посебен осврт на Факултетот за информатика.
https://utms.edu.mk/novosti/1524-promocija-na-utms-vo-srednite-uchilishta-vo-kumanovo#sigProId36bdaf9081