Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година матурантите од СУГС „Јосип Броз Тито” го посетија Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје при што следеа интерактивно предавање за методологијата на студирање, можностите за интернационализација за време и по студиите, богатата библиотека и дигиталниот систем за оценување. Матурантите остварија средби со деканите, професорите и другите вработени и добија можност преку директни разговори да спонзаат темелни информации за современите трендови во високото образование. Во комуникацијата со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и воодушевување од атмосферата и условите за настава и работа на УТМС како и од богатата библиотека.
View this gallery on Flickr
https://utms.edu.mk/novosti/1516-maturantite-od-sugs-josip-broz-tito-vo-poseta-na-utms#sigProId6ce8a2a0b7