УТМС СО ПРОМОТИВНА КАМПАЊА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

УТМС СО ПРОМОТИВНА КАМПАЊА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

Преку мултимедијалната интеракција, матурантите од средните училишта во Прилеп имаа можност да дознааат за предностите за студирање на факултетите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Академскиот тим од универзитетот во рамките на својата промотивна кампања пред матурантите во средните училишта во Прилеп, реализираше мултимедијална интерактивна презентација во: СОУ „Ристе Ристески Ричко“, СОУ „Ѓорче Петров Прилеп“ и СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Мирче Ацев“ и СОУ „Кузман Јосифовски Питу“.

Матурантите со посебен интерес ги следеа професорите и асистентите кои со интеракција го привлекоа нивното внимание и да ги поттикнаа на размислување за соодветен избор на факултет кој ќе влијае во проекцијата на нивната иднина. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.

На презентацијата на идните академски граѓани им беше објаснета методологијата на работа на УТМС, начинот на студирање, наставните програми за секој факултет поединечно и условите за студирање.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).