Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје реализираше интерактивна презентација пред матурантите од гимназијата СОУ „Гостивар Гостивар”, ОСТУ „Гостивар Гостивар”, како и во економското училиште „СЕОУ Гостивар Гостивар”.
Матурантите беа информирани за факултетите кои функционираат во состав на универзитетот и за уникатните предности за студирање. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија на студирање и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1505-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-gostivar#sigProId3740c8a659
https://utms.edu.mk/novosti/1505-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-gostivar#sigProId3740c8a659