Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година реализираше интерактивна презентација пред матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј”- економско училиште во Охрид како и во гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Матурантите беа информирани за факултетите кои функционираат во состав на универзитетот и за уникатните предности за студирање. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1504-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-ohrid#sigProIdb5f9deead3
https://utms.edu.mk/novosti/1504-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-ohrid#sigProIdb5f9deead3