ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, академскиот тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги презентираше предностите за студирање на УТМС пред матурантите во средните училишта во Битола, при што беа посетени гимназиите „Таки Даскало“ и „Јосип Броз-Тито“, како и економското училиште „Јане Сандански“.

Тимот од УТМС во состав: проф. д-р Сашко Граматниковски, доц. д-р Ана Секуловска Јовковска, м-р Јово Ратковиќ, м-р Горан Апостоловски, м-р Андреја Мачкиќ, м-р Гордана Серафимовиќ и м-р Маријана Радевска реализираа презентација на Универзитетот за туризам и менаџмент пред матурантите во овие битолски училишта.

Преку мултимедијалната интеракција, матурантите ги следеа предностите на студирање на факултетите на универзитетот. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.

Матурантите интерактивно учествуваа со особен интерес за студиските програми на факултетите, методологијата на студирање, активностите на Центарот за кариера, како и Еразмус+ програмата.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).